Ера Ојданиќ, по пишување на некои медиуми му се замерил на Милан Топалковиќ – Топалко бидејќи ја потценил неговата кариера.

Спрема зборивите на Ера, Топалко неодамна го напуштил снимањето на една новогодишна емисија, бидејќи му засметало што е во иста екипа со него, Вера Матовиќ, Снежана Бабиќ и уште неколку постари колеги. Топалко требаше да седи со мене, Вера, Снеки и други, но него тоа не му се допаднало. Рени дојде од Бугарија за да го отпееме нашиот дует “Мерцедец“, а тој мал келафко, пи**а му материна, несакал да слуша. Гледам дека го нема, го бараат. Тој реагирал, правел проблеми дека не сака да седи во тоа друштво и да слуша народњаци. Пази, глупи народњаци, рекол Ера и продолжил да го навредува колегата.

– Тоа мало келаво го**о од метар и жилет од Нова Варош, од онаа вуко**бина, најде да диктира правила. Е па неможе. Да не беше Саша Поповиќ, се уште ќе собираше капини во тоа негово село. Срам да му е! Му засмета мој “Мерцедес“ и “Мики Милане“ на Вера. Кога ќе го видам ќе му удрам шамари, и нема да знае каде се наоѓа. Излегува дека тој е пеач над пеачите, а се дере како да го носат на колење. И мене некои пеачи немисе допаѓаа, па молчев и трпев од почит кон телевизијата и соработниците. И мене некогаш ми се плаче, но мора да пеам. Молчи бре малецок, и работи кога веќе имаш прилика за тоа! – додал Ојданиќ. Топалко од друга страна, ја демантирал приказната на Ера.

– Не е точно. Јас ги почитувам сите мои колеги – кусо порачал Милан Топалковиќ Топалко.