Трамп го потпиша законот за коронавирус вреден 2.000 милијарди американски долари со кои ќе се помага на компаниите и домаќинствата да санираат дел од последицте поради амсовната појава на корона вирусот. Тоа е закон за трошење државни пари во вонредни состојби, за кои креаторите на политиките се надеваат дека ќе олабават дел од економскиот исход на епидемијата на коронавирус.

Неговиот потпис дојде само неколку часа откако Претставничкиот дом ја донесе мерката со гласање, а помалку од 48 часа откако доби едногласно одобрение од Сенатот.

„Сакам да им се заблагодарам на демократите и републиканците што се здружија и ја ставаат Америка во прв план“, рече Трамп.

Сега, Белата куќа, Министерството за финансии, администрацијата на мали бизниси и други агенции мора да брзаат да ја фианнсираат економијата со нови пари според новиот закон. Законот го овластува Министерството за финансии да испрати 1.200 долари на милиони Американци и нивни семејства и создава програми за исплата на близу 1.000 милијарди долари бизнис заеми и гаранции за големи и мали компании низ целата економија.

САД имаат над 100.000 потврдени случаи на коронавирус и тоа предизвика повеќе од 1.300 смртни случаи, бројки кои рапидно растат. За да се избегне општа зараза, голем дел од Америка е затворена. Училиштата се затворени. Повеќето јавни собири се откажани. Многу Американци престанаа да ги напуштаат своите домови, уништувајќи милиони бизниси што зависат од нивните пари кои ги трошат при купување.

Ова доведе до тоа 3,3 милиони вработени да се пријават за бенефиции за невработеност минатата недела, што е далеку повеќе од седумдневниот распон во поновата американска историја. Голем број економисти веруваат дека американската економија влегува во период на економска, една од најлошите рецесии досега забележани.

За да одговорат, Белата куќа и Конгресот добија огромни пари за трошење насочени кон домаќинствата, деловните субјекти, градовите, државите и болниците, притоа обидувајќи се да ги поддржат државните програми за невработеност.

Ова не е крајно решение за финансиско помагање на компаниите, институциите и граѓаните ан САД туку само прв чекор. Според американските медими, зависно од развојот на настаните, државната финансиска помош би можела да достигне и 7.000 милијарди американски долари.