Иако беше една од петте пејачи кои влегоа во најтесен избор за наш евровизиски претставник, Тијана Дапчевиќ не ја доби таа чест за следната година. Но, Тијана, која е актуелна со нејзиниот нов албум “Земља мојих снова”, објави дека ќе учествува на “Беовизија”, на која ќе се избира евровизиски претставник за СЦГ. Песната е дело на Леонтина, а Тијана ќе ја изведе со своето електрично виолончело “Јамаха”, подарок од нејзиниот сопруг Милан. Тијана за Нова година ќе пее во Швајцарија и Австралија.