Американски тинејџер умрел откако во краток временски период испил премногу пијалаци со кофеин, било соопштено по обдукцијата.

Некои енергетски пијалаци содржат високо ниво на кофеин. 16-годишниот Дејвис Ален Крип колабирал во средно училиште во април откако испил кафе лате “McDonalds”, голема количина на безалкохолниот пијалак “Mountain DewDew” и еден енергетски пијалак за помалку од два часа, рекол истражниот судија Гери Вотс.

Овој 16-годишен тинејџер умрел од “срцево пореметување предизвикано од кофеин, што најверојатно предизвикало аритмија”, пренесува BBC.

Момчето претходно немало проблеми со срцето. Дејвис тежел 90 килограми, но не бил сметан за претерано дебел.

Ова не е случај на предозирање со кофеин”, рекол Вотс за Reuteres.