Осумнаесетгодишната Џина Трипликат не сакала возбудувања, но по завршувањето на средното училиште одлучила да проба нешто поинакво, се решила на прв скок со падобран во животот.
И тоа завршило трагично. Минатата недела, таа загина заедно со својот искусен инструктор.

Несреќата се случила во Атланта, главниот град на сојузната држава Џорџија. Родителите на Џина гледале од земја и забележале дека падобранот се врти во воздухот и дека нешто не е во ред. Дури подоцна дознале дека се работи за нивната ќерка.

„ Толку многу се радувавме на разговорот со неа откако ќе слета на земјата, сакавме да ги слушнеме нејзините впечатоци. Се чувствувам како да сме ограбени, дека сме ограбени до крајот на животот, тоа е толку болно“ рекол нејзиниот татко, пренесе Си-ен-ен.

Шерифот на округот Упсон, Ден Колгор, објавил дека тинејџерка од Невада и 35-годишен инструктор починале на лице место.

„ Кусо по излегувањето од авионот, примарниот падобран не се отворил како што треба и дошло до неконтролирано вртење. Првичниот падобран се отворил на многу мала висина, но всушност не се отворил до крај“ објаснил Клигор.

Шерифот нагласил дека Еспосито бил искусен скокач со падобрани и вработен во компанијата „Скајдајв Атланта“.

извор: Makfax