Третиот тенисер во светот, Доминик Тим, им се обрати на своите следбеници преку социјалните мрежи заради учеството на турнирот „Адрија Тур“.

Тим не играше во Задар, но затоа беше дел од турнирот во Белград, каде стигна до титулата.

Бев шокиран кога ги слушнав вестите од „Адрија Тур“. Игравме без публика со недели, така што бевме повеќе од среќни кога добивме можност да играме пред пуублика. И верувавме на српската влада за правилата, но бевме премногу оптимисти. Погрешно и се однесувавме еуфорично. Жал ми е. Се тестирав пет пати во последните 10 дена и секој резултат е негативен. Посакувам на сите што се заразени се најдобро и брзо закрепнување, напиша тенисерот