x

Тим после пресврт во маратонски меч го совлада Зверев и го освои УС Опен!

tim

Австралискиот тенисер Доминик Тим е нов освојувач на УС Опен. Ова е негова прва грен-слем титула во кариерата. Тој доцна синоќа успеа да го совлада Зверев во маратонското финале, после голема борба и голем пресврт. Зверев испушти предност од два сета и брејк во третиот сет. Австалиецот не се предаваше и дојде до конечен триумф.

Зверев го доби првиот сет со 6:2, а во вториот брзо стигна до предност од 5:1 со два брејка над протвникот. Тогаш како да се разбуди тим, стигна до 5:4, но на крајот Зверев стигна до 6:4.

Голема борба во третиот сет. Иако Зверев прв стигна до брејк, сепак, врати и Тим за 2:2. За секој поен се водеше голема борба, двајцата тенисери освојуваа гемови на свој сервис, иако се соочуваа со брејк шанси. Беше 4:4, а во десетиот гем Зверев користи шанса, освојува брејк и намалува 2:1 во сетови.

Потоа Тим го доби сетот со 6:3, благодарение на одличнот сервис. Во одлучувачкиот сет, повторно двајцата тенисери направија брејк, за 1:1. Рововоската битка е продолжена на ист начин, беше на крајот 6:6. Победникот е одлучен во тај-брејк. Цело време беше егал, и на крајот Тим искористи една грешка на противникот, дојде до нова шанса за да го добие мечот, ја искористи, и го освои трофејот со 8:6 во тај-брејкот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата