x

ТИМ НА 5. КОЛО: Велкоски ги запре чаирчани!

tim-na-5-kolo-4-3-3

Кога си играч на натпревар на еден дерби меѓу Вардар и Шкупи, а посебно ако твојот тим убедливо играчки го добие ривалот, тогаш јасно е дека твоето име треба да биде запишано како играч на ова 5.коло. А тоа секако дека е Виктор Велкоски, кој едноставно блескаше во дербито, во црвено – црниот дрес на Вардар вчера на Арената во Скопје.

Покрај него во тимот на колото од Вардар се и Матеј Цветановски и Јован Попзлатанов. Струга Трим Лум го победи Силекс, и тоа убедливо иако кратовци важеа за големи фаворити. Ѓуриќ, Мециновиќ, Миленковски и Алтипармаковски се во тимот на колото од овој тим. Работнички одигра одлично, ја победи Ренова на нејзин терен, а тон на добрата игра на “романтичарите“ даваа капитенот Силјановски и стрелецот Петковски. Фернандо си поигруваше со “пандевци“ и со еден гол директно помогна Борец да победи, додека Бесарт Ибраими стрелаше двапати во мрежата на Беласица.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ВИКТОР ВЕЛКОСКИ

Тим: Вардар

Роден: 14.11.1995

Кариера: Вардар, Пелистер, Љубанци, Скопје, Победа, Егиниакос, Работнички, Вардар

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата