x

Тим Данкан не е повеќе помошник на Грег Попович

duncan-popovic

Тим Данкан одлучи да се повлече од функцијата помошник тренер во Сан Антонио Спарс и повеќе нема да му биде помошник на Грег Попович.

Легендата на тимот одлучи да се повлече од таа позиција, и отсега ќе има поинаква улога во Спарси. Данкан ќе биде одговорен за работа со играчите и за нивниот развој. Интересно, Данкан дури не дојде во Орландо, но остана во Аламо за да му помогне на Ламаркус Олдриџ да се опорави од повредата на рамото.

На оваа позиција, Данкан веќе беше во сезоната 2015/16 кога и официјално ја заврши својата кариера.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата