x

Тимовски со понуда од Војводина

Капитенот на Силекс, и поранешен Македонски младински репрезентативец Ангелче Тимовски можно е да го напушти домашниот шампионат зимава и да се пресели во Србија.

Поточно во тимот на Војводина, кој периодов пројави интерес да го доведе Тимовски во своите редови . Десниот бек, грото од својата досегашна кариера ја мина токму во Кратово, Силекс е неговиот матичен клуб, а сезона мина и во тимот на Победа.

Тој со своите игри во изминатиот период покажа дека е убедливо најдобриот играч на Кратовци кои пак летово имаа настап во Европа. Затоа интернационален трансфер со оглед на неговите години, 26. во моментов е и нормален развој на настаните.

Војводина како клуб секогаш била отворена за наши интернационалци па таму во минатото настапувале Саше Милошевски, Влатко Грозданоски, Даниел Мојсов, Даниел Аврамовски….

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата