x

Тимовите во Ф1 размислуваат сезонава да заврши во 2021 година

Откако неколку трки во Формула 1 се веќе одложени, и неизвесноста за оваа сезона продолжува, неколку тимови даваат свои предлози за овогодинашниот шампионат.

„Зедно со шефовите на другите тимови чувствуваме дека сега е клучниот момент. Им дадовме на ФИА да го дефинираат календарот како сакаат во овие околности. Можеме трките да се „стиснат“ ако има потреба. Моментално се чини дека сезоната ќе почне најрано во август.“, рече шефот на Ферари, Матиа Биното.

Ова значи дека во оваа сезона некои трки би се возеле и во јануари 2021 година.

„Тоа се опции. Ако треба оваа нека се вози и во јануари, а следната нека не почне во март, туку подоцна“, изјави Биното.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата