Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс напиша љубовно писмо до Велика Британија, изразувајќи длабока болка за брегзитот и заклучи: „Секогаш ќе бидете добредојдени да се вратите“, пренесе „Гардијан“.

„Длабоко бев повреден кога решивте да заминете“, напиша Тимерманс. „Но, истовремено, ме теши помислата дека семејните врски всушност никогаш не може да се прекинат“.

Тимерманс се присетува на своите училишните денови во Рим – „Уште додека одев во британското училиште во Рим, ти секогаш беше дел од мене. Сега заминуваш и тоа ми го крши срцето“.

Понатаму додава: „Сега те знам. И те сакам. Поради тоа што си и што ми го пружи. Јас сум како стар љубовник (…) Неодамна прочитав прекрасна книга со љубовни писма до Европа. Тоа ме натера да размислувам за љубов кон Велика Британија“, пишува потпретседателот на Европската комисија.

Британија би требала да ја напушти Европската унија на 31. јануари. Рокот за брегзитот неколкупати досега беше одложуван.

Потоа ќе следи преоден период од 11 месеци, во текот на кој треба да се постигне договор за идните односи со Унијата.

 

извор: Makfax