По пишувањето на медиумите дека пејачот и актер Џастин Тимберлејк (37) ја изневерувал својата сопруга, актерката Џесика Бил (37), бидејќи на една снимка ја држел за рака и ја допирал колешката од сетот Алиша Ваинрајт (30), Џастин постојано на социјалните мрежи ѝ покажува на сопругата колку му значи.

Извесно време тој молчеше и не сакаше да ги коментира тврдењата за неверството, а потоа во долгата објава објасни сè.

„Отсекогаш сум избегнувал озборувања, но овој пат морам да зборувам поради моето семејство. Не можам да молчам затоа што гледам дека сето тоа влијаеше врз луѓето што ги сакам. Пред неколку дена бев цел на критики, но сега сакам да кажам јавно – ништо не се случи меѓу мене и колешката. Таа ноќ пиев премногу и не се гордеам на моето однесување. Требаше да постапам подобро“, напиша Џастин.

Сега под видеото на Џесика, што таа го објави на „Инстаграм“, стави срциња.

извор: Makfax