Претседателот на Владата Владо Бучковски денеска оствари средба со Светозар Јаневски во врска со проблемите на кои наидува винарската визба “Тиквеш” од Кавадарци.
Од Кабинетот на премиерот информираат дека на разговорите, кои се остварија по барање на Јаневски, на премиерот Бучковски во име на компанијата М-6 му беше предададен предлог за регулирање на обврските на винарската визба “Тиквеш” спрема Министерството за финансии.
Премиерот Бучковски нагласи дека доставениот предлог преку Министерството за финансии и Владата на Република Македонија во рамките на предвидената процедура ќе биде разгледан.
Покрај тоа на средбата премиерот Бучковски нагласи дека не се става во ничија заштита и проблемите на винарската визба “Тиквеш” од Кавадарци треба да се решаваат низ институциите на системот. (МИА)