x

Тиквеш опстои благодарение на „Лозари“

Подготви: Огнен Дојчиновски

Во редот на македонски навивачки групи кои се тема на серијата текстови на СПОРТМЕДИА дојде редот и на „Лозари“. Навивачката група од Кавадарци, која стои зад тимот на Тиквеш.

Оваа група, за разлика од повеќето во Македонија, кои мака мачат за да опстојат, добро котира по бројност и по посети на натпревари, особено откако ГФК Тиквеш се рестартираше што се вели на резултатски план и се обидува да се врати еве веќе втора сезона во најдобрата Македонска фудбалска лига.

ПОЧЕТОЦИТЕ УШТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Првата група со закачен траспарент на “Градскиот” стадион во Кавадарци е „Ретки билки“ и со тоа започна организираното навивање во Кавадарци. А не дека пред тоа дека не постоело.

Фк Тиквеш беше високо рангиран во тогашната Југословенска втора лига па за тоа време значело доста па со самото тоа и мечевите биле супер добро посетени. Уште во тоа време се забележани првите гостувања на навивачи од Кавадарци кои патуваат ширум бившата држава за да ги следат мечевите на својот омилен клуб.

Подоцна, во деведесетите години пред и по распадот на Југославија кога на секаде се шири тифо-треската со која е зафатено и Кавадарци. Тогаш е оформена и навивачката група „Лозари“ која постои и денес и сигурно сме дека  ќе постои и во иднина.

Името „Лозари“ е каректеристично за овој регион по дејноста на најголем дел на нашите граѓани па не е срам да се носи туку тоа е нашата гордост“ – велат од навивачката група „Лозари“ па додаваат.

„Навивачките групи во деведесеттите во Македонија беа доста бројни речиси секој град имаше своја навивачка група. Се случуваа доста гостувања низ Македонија, жестоки дуели помеѓу некои навивачки групи. Тоа е дел од тифо историјата што се вели и останува така , ние имаме со што да се пофалиме што се вели. Стадионот во Кавадарци го помнат многумина“, додаваат „Лозари“.

СЕКОГАШ ВО ЦВРЕНО – БЕЛА БОЈА

Обележјата и бојата на  „Лозари“ од секогаш била црвено-бела, а тоа секако се и боите на Тиквеш, но и боите на нашата Општина, боите на општинското знаме.

Главната трибина на „Лозари“ одсекогаш била онаа зад голот, но мора да се напомене дека целиот стадион бил навивачки настроен. За тоа говорат и податоците од минатото дека Тиквеш и покрај големот пад на гледаност на нашиот фудбал секогаш бил добро посетен.

„ЛОЗАРИ“ БЕА ТУКА КОГА БЕШЕ НАЈТЕШКО

По еден доста турболентен период на спортот во Кавадарци од 2005/06 година па се до 2015/16, фудбалот речиси и да замре. Се достигнаа најниските можни гранки, ГФК Тиквеш едвај да функционираше. Во тој период за спас на клубот бараа и беа единствени во тоа, кои се бореа за негов опстанок беа припадниците на навивачката група „Лозари“ кои буквално неколку години го држеа клубот да не дојде до згаснување.

Исто така навивачката група “Лозари Исток” во својата понова историја доживеа повторна експанзија на натпреварите на КК Фени Индустри, а подоцна и на дерби натпреварите против Вардар Неготино каде што беа забележани фантастични пиротехнички моменти и кореографии, по што повторно се на врвот на МакТифо сцената.

Кавадарци, Тиквеш и „Лозари“ буквално живеат за тоа локално дерби и најдоброто се подготвува токму за тој меч. Навивачката група Лозари е симбол на градот Кавадарци како и гордоста на градот Фк Тиквеш, тандем кој трае 1991 па се до денес.

На самиот крај, голема благодарност до ГФК Тиквеш и навивачката група „Лозари“ за соработката и отстапената архива на прекрасни тифо-фотографии од минатото и сегашноста.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата