Некои луѓе се по емотивни од другите, а исто така некои потешко се носат со промените и раскинувањата.

Токму тие особини се заеднички кај поедини хороскопски знаци кои не знаат како да го пребродат љубовниот бродолом.

Еве кои знаци се тие знаци:

Рак

Тие се најголеми емотивци со кои ќе се сретнете па не ни чудно што љубовта и семејството им се на прво место. Сепак, имаат проблем со рационален поглед на работите, па често минатото го идеализираат, додека сегашноста не им е доволно добра. Не сакаат промени и тешко се справуваат со раскинувањето, со што на сите можни начини ќе се трудат да ја одржат љубовната врска во живот, дури кога на сите им е јасно дека од тоа нема ништо.

Риби

Дури и кога ќе пронајдат нова љубов, припадниците на овој хороскопски знак, имаат посебно место каде чуваат работи кои ќе ги потсетува на бившиот партнер. Нивниот период на тагување трае долго па неретко самите себеси се мачат присетувајќи се на минатото.

Шкорпија

Тие истовремено се чуствителни и силни, но и стравствени. Искрено уживаат во љубовта и за секој партнер мислат дека е тој вистинскиот. Исто така доста се љубоморни и тешко го прифаќаат фактот дека нивните бивши љубовници нашле среќа со некој друг.

Бик

Кај нив опоравувањето од пропадната врска трае долго, но тоа никогаш нема да признаат. Патат и тагуваат во себе, додека на прв поглед се мисли дека раскинувањето воопшто не ги погодува.