Имено, Ешли Силверс ја поканила Тејлор на својата матурска вечер, но бидејќи пејачката била зафатена со снимање и не била во можност да оди на прославата, решила да најде начин како да се „извади” за одбивањето на поканата. Така таа во знак на извинување на девојката и пратила цвеќе и порака.

– Многу ми е жал што не можам да дојдам на твојата матурска прослава. Горда сум на тебе, на твојот труд и посветеноста, на твоето восхитување и амбициите. Ме радува што девојка како тебе мисли на мене, напишала пејачката во пораката.

Ешли била воодушевена од пораката и веднаш и одговори на Тејлор преку социјалните мрежи.

– Вистинскиот свет е забавна работа. Ти благодарам Тејлор Свифт на прекрасното цвеќе, прекрасната порака и осумте години неверојатни спомени. Те сакам, напишала Ешли, објавувајќи и фотографија на која позира со подарокот.