Жител на струмичкото село Бориево возејќи трактор се излизгал од патот и паднал во дол. Несреќата се случила вчера по шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден.

С.В. (31) се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. На местото на незгодата излегле полициски службеници од СВР Струмица.

извор: Makfax