Дваесет и шестгодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје. Несреќата се случила во судир на мопед, кој го управувал повредениот, К.Р. и автомобил, управуван од Е.А.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax