Четириесет и седумгодишен мотоциклист од Скопје со тешки повреди бил пренесен во болница по сообраќајна несреќа која се случила вчера на Качанички пат.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 15.45 часот кога С.М.(47) од Скопје со мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax