Педесетгодишен велешанец се здобил со тешки повреди кога со мотоцикл удрил во куче на улица.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 11.45 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев“ во Велес кога Ј.К. со мотоцикл „лифан“  удрил во куче, по што паднал.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР велес.

извор: Makfax