На 23.01.2020 во 15:45 часот на улица „Качанички пат“ во Скопје, С.М.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.