Ајкула нападнала 12-годишно девојче на северното крајбрежје на Австралија, објави агенцијата „Ројтерс“.

Попладне, по локално време, спасувачите биле повикани да дојдат во Сид Харбор на островите Витсандеј, близу Големиот корален гребен, каде што пронашле девојче со сериозни повреди на нозете. Станува збор за втор случај на напад на ајкула во ова подрачје во последните 24 часа.

„Ова е застрашувачко“, изјави Трејси Иствик, раководителка во тамошната Итна помош, во врска со фактот дека спасувачките екипи добиле две лица нападнати од ајкула за толку кратко време, додавајќи дека девојчето загубило многу крв и е во тешка состојба.

Местото каде што девојчето било нападнато е популарна туристичка дестинација која се наоѓа на околу 900 километри северозападно од главниот град Бризбејн. На истото подрачје и во истото деноноќие 40-годишната Џастин Барвик ја нападнала ајкула додека пливала околу јахта.

Барвик доживела тешки повреди на горниот дел од ногата, а по нападот, помош и пружил докторот Џон Хадок, кој се наоѓал на соседниот брод и се подготвувал за пливање.

извор: Makfax