Четириесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила на 24 овој месец на улица Љубљанска, а жената вчера го пријавила случајот во полиција.

„Вчера во СВР Скопје М.К.(47) од Скопје пријавила дека на 24.12. во 20:15 часот на улица Љубљанска била удрена од едно лице кое управувало електричен тротинет. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ ѝ била укажана лекарска помош“, соопшти полицијата.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax