Даниел Кајмакоски кој вечерва ја имитираше Тина Тарнер во шоуто “Твоето лице звучи познато”, ги собгра сите комплименти и пофалби од страна на жирито кое беше фасцинирано од неговата изведба.

Одлично беше,  ти си одличен пејач, нема што да се зборува за тоа. Даде се од себе, се гледа тоа. ги скина сите нејзини движења, рече Иван Ивановиќ.

Секоја чест што успеа да го извлечеш од себе тој женски глас, тоа не е лесно, се најдобро, му порача Владо Георгиев.

Мајсторе беше одличен, пееш одлично, се гледа дека си вистински професионалец,му порача Андрија Милошевиќ, а со него се сложи и Ана Кокиќ.