x

Тешки моменти за Роналдињо: Мислите му се насочени само кон неа…

ronaldinjo-majka-mu

Како проблемите да не можат да го одминат Роналдињо, легендарниот бразилски фудбалер. Имено последно е тоа што неговата мајка е заразена со коронавирусот и во болница се бори за живот.

Тој тоа го обелодени на Твитер, каде што напиша дека сите негови мисли се кон неговата мајка.

Драги пријатели, мојата мајка е заразена со Ковид-19 и ние се бориме да заздрави. Таа е на интензивна нега и ја прима сета можна терапија. Однапред ви се заблагодарувам на молитвите, на позитивната енергија. Напред, мамо“ напиша некогашниот бразилски ас.

Да потсетиме дека при крајот на октомври и самиот Роналдињо беше позитивен на Ковид-19, но по три недели успеа да се опорави.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата