На 10.05.2020 во 11.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со прилепски регистарски ознаки,
управуван од В.Д.(30) од Прилеп и трактор „масеи фергусон“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.Б.(51) од с.Дебриште, Кавадаречко.

По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.