Рано утринава во 04.00 часот на бул.„Јане Сандански“, пред крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Скопје, удрило во бетонска жардиниера и се превртело. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.