На автопатот Скопје-Тетово, кај с.Добарце, вчера во 19:40 часот, патничко возило „БМВ“, управувано од А.М.(42) од Скопје, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.