Доцна синоќа, некаде околу во 21 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од с.Манастирско Доленци, Кичевско и патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со италијански национални ознаки, управувано од Ф.Џ.(26) од с.Прегово, Прилепско.

М.С се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.Џ. и три сопатнички од неговото возило, Ф.С.(30), А.М.(21) и
Ф.Џ.(57) се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.