На регионалниот пат село Мамутчево-Велес вчера околу пладне се случила сообраќајна незгода во која С. С. (41) од Штип управувајќи моторцикл “кавасаки“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и излетал надвор од коловозот.

По незгодата С. С со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди, и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес.