x

Тешка саботна вечер за Пешевски и Томовски

pesevski

И Жарко Пешевски и Мартин Томовски имаа тешка задача овој викенд, за противници ги имаа најдобрите два тима во Бундес-лигата, ниту еден од нив не успеа да приреди сензација.

Штутгарт на домашен терен беше убедливо совладан од Кил со 27-34 за седми пораз оваа сезона. Пешевски немаше забележителен настап, имаше само едно исклучување.

Томовски и Лудвигсхафен беа поразени исто на домашен терен, но од Фленсбург со 20-29. Репрезентативниот голман во игра мина 44. минути за кои имаше пет одбрани или 20% ефиканост.

Лудвигсхафен е во долниот дел на табелата со скор од две победи, реми и дури 11 порази.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата