Потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи во отвореното студио на ТВ 24 рече дека не го гледа ВМРО-ДПМНЕ како партнер во новата влада.

Според неа, ДУИ има црвени линии, а тоа се континуитет на политиките постигнати со договорите со Грција и Бугарија и со Рамковниот договор.

„Во ВМРО-ДПМНЕ не гледаме коалициски партнер. Никогаш ДУИ не побарало да биде дел од владата, доколку не имало победа зад себе и без да има легимитет зад себе. Сметам дека изјавите дадени од нашите меѓународни пријатели во однос на континуитетот што се бара во однос на понатамошно разговарање, смета дека е добро да тие создавачи на целиот овој процес повторно да седнат и да земат за обврска за продолжување на процесот. Само народот со гласање може да ве испрати во опозиција и бројките не се добиени случајно. Сметам дека како политички стабилен фактор треба сериозно да се размисли во однос на нашата адреаса, додека другите комбинации вон официјалните бројки што ги имаат партиите, не мислам дека ќе носат добробит за евроатланската иднина за државата“, рече Арифи.