Како да се справат со чувствата на страв, загриженост, возбуденост и стрес поради неизвесноста дали ќе им се случи нешто непријатно во врска со корона вирусот. За ваквите психолошки проблеми се јавуваат поединци кај неколкуте психолози од здружението „Кортекс“ кои неколку недели даваат бесплатна стручна помош на граѓаните во насока на надминување на психолошките оптоварувања и стресната состојба што преовладува со ширењето на корона вирусот.

– Генерално, не може поединечно да се каже, главниот проблем за кој сакаат да зборуваат и да прашуваат луѓето е изолацијата и стравот да не се заболат. Ако случајно дојде до тоа, што понатаму. Втора работа е стресната ситуација што се јавува кај некои поради потребата да се биде во изолација. Тие што се јавуваат најчесто бараат решенија како да се справат со анксиозноста за време на овој период. Ние зборуваме советодавно – да се посвети внимание на себеси, да се завршат некои работи за кои искрено никогаш не сме ни помислеле дека можеме да ги направиме поради тоа што одиме на работа или пак се немало време за некои работи. Не е лошо да се посвети и на тоа внимание.

Да се поминува времето порелаксирано, да има повеќе дружење, да се воспостави повеќе блискост со своите дома, да им се посвети повеќе внимание на нив, објаснува Билјана Радичевска, психолог и членка на Здружението на психолози.

Според нејзиното искуство, оние кои побарале психолошка помош не се од некоја општествена група или со одредена карактеристика.