Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 61-годишник од Тетово, поради сомнение дека украл археолошки предмети кои се сметаат за државно културно наследство.

При полициски претрес во домот на пријавениот на уливата „Јордан Златановски“, службениците пронашле пронашле и одзеле предмети за кои Министерството за култура до СВР Тетово доставило известување во кое се наведува дека предметите се со статус на археолошки предмет како вид на движно културно наследство.

Тетовецот се товари за кривично дело присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

 

*Насловната фотографија е илустрација и не се однесува на конкретниот случај

извор: Makfax