Тетовската полиција го расчисти случајот од минатиот месец во кругот на Клиничката болница, при што е поденсена пријава против 21 годишно лице за физичкиот напад  на сограѓанин. 

„Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти физичкиот напад, пријавен на 23-ти минатиот месец од 23-годишниот тетовец А.Ф. и изготви соодветен поднесок по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир против 21-годишниот Х.И. од тетовска Голема Речица, кој непосредно бил инволвиран во нападот што се случил во кругот на тетовската Клиничка болница“ соопштија од СВР Тетово