Триесет и седумгодишен жител на село Фалише, тетовско, починал вчера на скопскиот аеродром пред да полета авионот со кој требало да патува кон Базел.

Според информациите на МВР, вчера во 14,20 часот во полиција било пријавено дека починал Д.М.(37) од село Фалише кој требало да патува за Базел со летот во 13,20 часот од аеродром „Скопје“. Од лекар од медицинската екипа од аеродромот била констатирана смрт.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција за да се утврдат причините за смртта.

извор: Makfax