Три жени од тетовско село пријавиле дека Ф.А.(43) од нивното село извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки.

„За настанот бил известен Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, на 22.08.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.А., при што пронашле и одзеле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал.9мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои постои сомение дека можат да помогнат во истрагата“, информираат од МВР.

Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: Makfax