Фали Рамадани, еден од најпознатите светски менаџери, заедно со своите вработени во својата менаџерска фирма, мора да биде среќен. Имено родениот тетовец, за два – три дена направи два мега – трансфери. Прво го однесе Миралем Пјаниќ во Барселона, а потоа Лирој Сане го врати во Германија, и му помогна на својот пулен да потпише за Баерн Минхен. И двата трансфери се проценуваат на по десетина милиони евра, па така оваа седмица која изминува, токму Фали Рамадани е во центарот на вниманието во фудбалска Европа. Интересно е тоа што Сане уште минатото лето сакаше да дојде во Минхен, но тогашниот негов менаџер едноставно не можеше таа негова желба да му ја оствари. Сепак затоа тука е Фали, кој откако есента го презема под свое германскиот репрезентативец, за само неколку месеци го продаде Сане во најголемиот клуб во Германија, за многу, многу пари.
И покрај кризата со Ковид -19 во Европа, пред се во фудбалот, Фали Рамадани покажа како се прават трансфери. Сега на ред е веројатно Лука Јовиќ, од Реал во Милан…
На фотографијата го гледаме Рамадани помеѓу Сане и Салихамиџиќ, а тука се и Кан, Румениге…