Ова е најжешката недела во владејачките политички партии. Денес некои директори беа отпуштени, а некои други беа назначени, но температурите во партиските седишта и понатаму се високи. Порталот Тетова Сот ексклузивно од извори од  ДУИ ги дознава имињата на најважните директори од оваа партија кои ќе раководат со МЕПСО, АЕК, МНАВ, МАЛМЕД, Државни патишта и Фондот за здравство.

– Во МЕПСО ќе биде – Куштрим Рамадани
– Во МАЛМЕД ќе биде – Лирим Шабани
– Во АЕК ќе биде – Јетон Акики
– Во М-НАВ ќе биде – Фарко Хамиди
– Во „Државни патишта“ – Ејуп Рустеми
– Во Фондот за здравство ќе биде – Фатон Ахмети.

Порталот Тетова Сот денес ги објави и имињата на директорите на  Скопските Клиники како што беа Аријан Даци на Клиниката за стоматологија, Башким Османи на Клиниката за ревматологија, Суад Зејнели на Клиниката за ТБЦ и Далип Јахја на Клиниката за ортопедија

За утре порталот Тетова Сот ќе ги открие имињата на директори во другите.

Извор: Тетова Сот