Германската канцеларка Ангела Меркел беше тестирана за коронавирус и анализите се негативни. Меркел беше тестирана откако беше утврдено дека била во контакт со лекар кој е заразен од опасниот вирус.

Таа од вчера беше во карантин, откако била известена дека доктор кој и ставил превентивна вакцина, бил позитивен на тестот за коронавирус.

извор: Makfax