Тестот за бременост продаден на аукција
Луѓето купуваат се и сешто, но кога се работи во име на доброто, приговори не би требало да има. Така, некој со посредство на интернет го купил тестот за бременост со кој Бритни Спирс открила дека ќе стане мајка. Откако направила тест во еден хотел во Лос Анџелес, Бритни го фрлила стапчето во канта за ѓубре, но чистачките го извадиле и го ставиле на продажба. На страницата golddenpalace.com можело да се купи стапчето натопено со урината на позната 23-годишна пејачка, која го чека своето прво дете со Кевин Федерлин, а наводно го купила канадската Радиостаница Otawwe. Парите од продажбата одат во добротворни цели, поточно во Фондацијата за борба против тумор кај децата.