Американската анти – допинг агенција (УСАДА) наводно побарала од Британската допинг агенција повторон да ги тестира примероците на Мо Фарах.

-Не знам за ниедно такво барање, но многупати реков, среќен сум што ќе ме тестираа. Сите мои примероци да ги тестираат повторно кога и да посакат во иднина нема да се покаже дека сум користел недозволени средства, изајви Фарах.

Фарах е олимписки шампион на 5.000 и 10.000 метри. Тој овие титули ги освои на ОИ во 2012 година во Лондон и 2016 година во Рио де Жанеиро.