Тестенини со брокула и туна
Тестенини во било која комбинација и време. Секогаш се добар избор на брзо ручече, кога се нема многу време а ви се јаде нешто вкусно.
ПОДГОТОВКА: 10 МИН. ГОТВЕЊЕ: 25 МИН. ВКУПНО: 35 МИН.
СОСТОЈКИ
350 г тестенина по желба (ние користевме фусили)
400 г брокула
100 г туна во парчиња
1 помала главица кромид
1 зелена пиперка
малку масло за готвење
малку сол, црн пипер
ПОДГОТОВКА
1.Кромидот и пиперката (измиена и исчистена од семки) исечкајте ги на ситни парченца. Во тава, на малку загреано масло, ставете ги и пржете ги неколку минути т.е. се додека кромидот не омекне.
2.Во истата тава, додадете ја туната во парчиња, промешајте и пржете ги сите состојки уште неколку минути.
3.Брокулата разделете ја на мали парченца, измијте ја и ставете ја во сад со зовриена и посолена вода. Обарете ја неколку минути, па исцедете ја и додадете ја во тавата со туната.
4.Во истата вода, ставете ги тестенините да се варат според упатството на пакетчето. Исцедете ги и додајте ги во тавчето со останатите состојки. Убаво промешајте за да се поврзат сите состојки, па сервирајте