Тестенина со пилешко и шампињони
Потребно:
1/2 кг пилешко
1/2 кг свежи шампињони
2 дл павлака за готвење
тестенина (полжавчиња)
сол
црн пипер
суви зачински тревки
босилек
масло
Подготовка: Пилешкото исчистете и ставете го во тава (поголема) на малку маснотија да се потпече. По 5-10 минути извадете го месото и исечете на ситни парчиња. Во меѓувреме шампињоните измијте ги и исечете на тенки ливчиња. Ставете ги во тавата, во која го печевте месото. Печурките ќе пуштат сок и кога тој ќе испари додајте го месото, павлаката за готвење и зачините по желба. Се варете уште околу 15 минути. Посебно сварете ја тестенината. Се измешајте и сервирајте.