На предвремените избори за градоначалник во Ново Село победи кандидатот на СДСМ, Никола Андонов.

Предноста пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков е со 19 гласови. Штабот на СДСМ во оваа општина прогласи победа и таму слават приврзаниците на оваа партија.

Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијално преброените гласови, го потврдија водството на Андонов со 17 гласови предност.

Во ОИК Ново Село се уште се бројат гласовите и досега се преброени 19 од вкупно 20 гласачки места. На страницата на ДИК може да се следат сите промени.