x

Тер Штеген бара 15 милиони евра по сезона од Барса?

Преговорите помеѓу Барселона и голманот Марк-Андре тер Штеген се замрзнати. Според „Goal.com“, цитирајќи извор близок до каталонскиот гигант, Тер Штеген барал 15 милиони евра по сезона. После шест години во клубот, германскиот чувар на мрежата смета дека заслужил да заработува исто колку напаѓачот Луис Суарез и плејмејкерот Филипе Кутињо.

Барса ја искажува важноста на Тер Штеген за тимот, меѓутоа не може да си дозволи исплата на толку висока плата бидејќи би ги прекршила правилата за финансиски фер-плеј па би се нашла под истрага на УЕФА.

Преговорите се одложени за на лето, а каталонскиот клуб ќе види што ќе се случи со Кутињо, дали ќе успее да го продаде и да се ослободи од неговата висока плата. Инаку договорот на Тер Штеген со Барса е со важност до 2022 година, а двете страни се договориле за продолжување на соработката до 2027 година. Уште платата да ја договорат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата