Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември во центарот на Виена уби четири и рани повеќе од 20 лица, работел во компанија која се занимавала со обезбедување на болници.

Неговиот долгогодишен пријател, кој се наоѓа во истражен затвор затоа што е осомничен за соучесништво, рекол дека Фејзулаи, при првото заклучување на Австрија поради коронавирусот, бил вработен и примал минимална плата, како обезбедување во болница.

Тој немал работен однос со болницата, туку со компанијата што ја презело работата за обезбедување на здравствената установа.

Според протоколот од сослушувањето, што го пренесува агенцијата АПА, компанијата што му ја дала работата преку групата „Ватсап“, на дневна основа, организирала луѓе да ги обезбедуваат објектите.

Осомничениот исто така изјавил дека Фејзулаи му понудил да заработи пари со обезбедување на објектите, но тој го одбил.

Тој понатаму посочил дека Фејзулаи, по раното пуштање на условна слобода во декември минатата година, имал долга брада и користел производи за раст на косата.

Кога пријателот му кажал дека тој има мала брада, Фејзулаи му ги препорачал препаратот, а потоа и му подарил едно пакување.

Инаку, мистеријата за тоа како стигнал до центарот на Виена најверојатно е решена, бидејќи сооред последните сознанија Фејзулаи наводно користел „Убер“ за да со неговото оружје стигне до местото на злосторството.

извор: Makfax