x

Теренот на Кит Го во Пехчево “плаче“ за фудбал (ФОТО)

Точно два месеци фудбалот во Македонија е во тотален “аут“, пандемијата со коронавирусот и кај нас си ја зема својата жртва, за жал. Посебно ни е жал кога ќе ги погледнеме некој од терените ширум Македонија, како на пример овој во Пехчево, на второлигашот Кит Го, кој просто “плаче“ за фудбал. Зелен, израмнет, да ти е милина да истрчаш на него и да ја заиграш најубавата споредна работа во светот.

Кит Го, како и сите останати клубови во Втората лига – исток, како и сите во државата, едвај чека да се каже “СТАРТ“, но како што одминува времето, тоа тешко дека ќе го дочекаме до август.

Штета, погледнете само каков е теренот во Пехчево…

Да, “плаче“ за фудбал.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата