Британската премиерка, Тереза Меј и официјално ја извести Конзервативната партија дека поднесува оставка од местото претседател на партијата. Ова значи дека таа ќе остане на премиерската функција се до именување на новиот партиски лидер, што треба да се случи најдоцна до 22-ри јули.

 

Мандатот на Тереза ​​Меј, која е речиси три години премиер, и која, како што потсетува Би-би-си, во 2017 гласаше Велика Британија да остане во Европската Унија, го одбележа токму темата брегзит.

Парламентот трипати го отфрли договорот за брегзит за кој премиерката преговараше со Брисел со месеци.

Таа поднесе оставка со образложение дека направила сè што може за да ги убеди пратениците да го поддржат договорот за напуштање на ЕУ.

извор: Makfax